Собрани околу 2 милиони евра за настраданите во пожарот во Кочани


404161-dvodneven-kamp-za-jaknenje-na-kapacitetite-na-oo-crven-krst-kriva-palanka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Црвениот крст денеска соопшти дека на апелот за помош на повредените и за семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, а во кој загинаа 62 лица, а повеќе од 100 беа повредени, се собрани над два милиони евра.


„Во апелот на Црвениот крст на РСМ, заклучно со 17.04.2025 година собрани се 128.011.651,00 денари за настраданите од пожарот во Кочани“, соопштија од таму.

Денес Црвенот крст изврши трансфер на средства на 62 семејства на починатите лица. Досега на настраданите семејства вкупно се исплатени 86.100.000 денари.

Црвениот крст заедно со партнерите продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на населението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK