Кога ќе се спојат уметноста и дезинформациите, како феномен на кој овие простори паѓаат на испит, тогаш го добиваме уметничкиот поглед на Маја Танева – уметница која ги разложува овие дезинформации и го негира нивното постоење. Социјалните мрежи се полни со лажни вести кои го негираат глобалното затоплување и климатските промени. Нападнати сме од дезинформации во кои глобалното затоплување, а неретко климатските промени се опишуваат како светски заговор и нешто што не постои, туку само треба да ги застрашува луѓето.
Тогаш на сцена стапува „уметноста на факти“ на Маја Танева, која тргнува од наједноставниот лажен наратив од оваа тематика, прочуените приказни дека Земјата е рамна плоча, за преку визуелно едноставен и експлицитен модел да ја заинтересира публиката не само за темите на глобалното затоплување и климатските промени, туку низ таа уметност, да ги дебанкира дезинформациите и лажните вести.
Во оваа акција на Танева се земени и обработени седум од десетте најексплицитни и научно докажани факти, кои го потврдуваат глобалното затоплување и постоењето на климатските промени, кои за жал, се случуваат пред нашите очи.
Фактите цитирани во инсталацијата се превземени од списанието „Национална Географија“ („National Geographic“) и се дел од нивните текстови и истражувања.
За полесно разбирање на проблематиката на климатсктие промени, но и лажните вести и наративи кои го негираат нивното постоење авторката директно и наративно ги упатува посматрачите на седум значајни факти, кои го потврдуваат постоењето на климатските промени.
Акцијата/инсталацијата „Земјата е рамна плоча, а глобалното затоплување е мит“ е просторна инсталација работена во мешани медиуми која е поставена на плочникот на трговскиот центар Бисер (страната кај пазарчето) во Аеродром во Скопје.
Факти за климата:
-Зголемување на глобалните температури:
Просечната температура на површината на планетата Земјата е зголемена за 1,1 степени Целзиусови во последните 130 години.
-Покачување на нивото на морето:
Глобалното ниво на морето е зголемено за околу 20 сантиметри во минатиот век. Овој пораст се припишува и на топењето на мразот и на термичката експанзија на морската вода додека се загрева.
-Зголемено ниво на CO2:
Нивото на јаглерод диоксид во атмосферата е зголемено од околу 280 делови на милион (ppm) пред Индустриската револуција на над 410 ppm денес. Ова е најголемата концентрација во последните 800.000 години, врз основа на податоците добиени од мерењата на CO₂ во леденото јадро на планетата.
-Повлекување на глечерите:
Глечерите ширум светот се намалуваат. Ова ги вклучува ледените плочи на Гренланд и Антарктикот, како и помалите глечери на секој континент. Во периодот од 2000 до 2015 година, секоја година се губеле 267 гигатони глечери, а во периодот од 2015 до 2020 година тој број е зголемен на 298 гигатони годишно.
-Екстремни временски настани:
Постои докажано и јасно зголемување на зачестеноста и интензитетот на екстремните временски настани со промената на климата како резултат на затоплувањето.
-Смалување на арктичкиот морски мраз:
Обемот на арктичкиот морски мраз е значително намален, при што летната покривка на мраз е намалена за околу 13% на во однос на доцните 1970-ти.
-Промени во рутите на миграцијата на дивиот свет:
Многу видови го менуваат своето однесување и моделите на миграција како одговор на променливите температури и екосистеми.
-Одмрзнување на вечниот мраз (Permafrost):
Вечниот мраз во поларните региони се топи, ослободувајќи метан, моќен стакленички гас, во атмосферата. Ова го забрзува глобалното затоплување и може да предизвика значителна инфраструктурна штета во тие региони.