Со СДСМ скопјани од денес ќе плаќаат за 150 денари поскапо парно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Со-СДСМ-скопјани-од-денес-ќе-плаќаат-за-150-денари.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ велат дека со СДСМ скопјани од денес ќе плаќаат за 150 денари поскапо парно.


„Фрапантно е објаснувањето на властите ЕСМ и РКЕ кои тврдат дека поскапувањето на парното е заради зголемените цени на гасот. Лага е дека гасот е поскап, веќе 9 месеци наназад, со завршување на грејната сезона 2022/2023 цената на гасот се стабилизираше на околу 50 евра за мегават, односно 550 евра за 1000 нормални метри кубни“, велат од партијата.

Како што дополнуваат, гасот денес е за три пати поефтин од лани, но не и парното за скопјани.

„Каде одат парите и по која цена ЕСМ купува енергенси? Криминогеноста на власта удира по џебот на граѓаните, народот е се посиромашен, и со секој ден повеќе СДС и ДУИ дополнително осиромашува“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK