Со приватни детски градинки ќе се продлабочат класните разлики, порача Левица

gradinki.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Десничарската логика на Владата предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ вели дека профитот на олигаргијата која пенетрира во партиските штабови е многу поважна од воспитно-образовниот процес којшто го добиваат најмладите, велат од Левица. Предупредуваат дека најавата од Владата предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ за отворање на приватни градинки ќе ги продлабочи класните разлики во капиталистичкото општество и ќе започне да го дели општеството уште од најмала возраст.


„Ветувањето за нови градинки во секоја општина кое го најави ДПМНЕ на локалните избори, не само што не е остварено, туку од позиција на веќе апсолутна власт одлучува да спроведува политика што ќе го уништува социјалното уредување на државата, на сметка на родителите и децата, во насока на профит на блиската при себе – олигархија. Растеретување на државните капацитети во градинките и овозможување достојна грижа за децата е државна обврска од која не смее да се отстапи“, велат од Левица.

Посочуваат дека е лага решавање на проблемот со отворање на приватни детски градинки. Според оваа политичка партија, решението е едноставно, а тоа е отворање на нови државни капацитети, согласно демографските потреби на децата и водење на воспитно-образовниот процес од страна на стручните, наместо партиските кадри.

„Левица принципиелно се бори за она што припаѓа во сферата на јавното добро и социјалната држава и истото, исклучително, треба да биде обезбедено од страна на државата! За подобар воспитно – образовен систем се потребни политичка волја и здраворазумна политика, а решенијата за спроведување и надминување на ваквите проблеми се едноставни. Секоја политика во насока на приватизација на оваа сфера од општественото живеење е еднаква на варварство. Стоп за приватните градинки“, порачаа од Левица.

Нивниот став е дека приватни градинки нема да бидат решение посебно во руралните средини оти приватните инвеститори се водени исклучиво од профит и логично е да инвестираат само во густо населените места, со што ќе се направи и демографско раслојување.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK