Со потпис на Груби е овозможено формирање на три нови фирми за коцкање, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Со-потпис-на-Груби-е-овозможено-формирање-на-три-нови.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Дали Артан Груби ја направи Македонија партнер во бизнис со бугарски мафијаш дел од кривични постапки кој се наоѓа во притвор!?“ прашува ВМРО-ДПМНЕ.


Од партијата велат дека со потпис на Груби е овозможено формирање на три нови фирми за коцкање.

„По одлуката на Груби, Лотарија каде директор е шефот на кабинет на Груби распишува оглас во кој се пресликува фирмата 8888.бг на Васил Бошков Черепот, бугарски мафијаш, за кого и Блумберг пишува дека е криминалец, кој се поврзува со многу тешки кривични дела. Истиот веќе подолг период е во притвор во Бугарија и против него се водат сериозни постапки“, велат оттаму.

Прашуваат „дали Груби ја понижува државата и истата преку Лотарија треба да влезе во бизнис со криминалец во притвор“?

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK