Со пари од здружението за лов, претседателот си точел гориво во приватното наместо во службеното возило

Со-пари-од-здружението-за-лов-претседателот-си-точел-гориво.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата поднесе кривична пријава против С.П.(59) од кичевско поради постоење сонови на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.


„Тој, од 2017 до 2022 година, во својство на претседател на здружение за лов и спортско рекреативен риболов ја злоупотребил службената положба и неовластено од службената трансакциска картичка наменета за гориво, наместо во службено возило, точел гориво во приватни автомобили“, објави МВР во дневниот билтен.

Со тоа, на здружението му предизвикал материјална штета од 103.961 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK