Со нови сведоци, продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

ЛДП-Ден-на-огромна-тага-бараме-доживотна-казна-за-убијците.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Како и претходно и денеска се очекува да бидат испитувани сведоци предложени од Обвинителството, чија улога е да ги поткрепат обвиненијата против осомничените.


Минатото рочиште беше одбележано со сведочењето на полициски началници од СВР Скопје и СВР Велес, кои изнесоа информации за истрагата и деталите за начинот на кој биле водени полициските активности во врска со убиствата на Вања и Панче

За овие грозоморни убиства обвинителството ги обвинува Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Сите на првото рочиште од судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK