Јасно како ден е дека со Мицкоски и ВМРО- ДПМНЕ нема членство во ЕУ ниту за 100 години, велат од СДСМ.
„Мицкоски тоа јавно го потврди пред целата јавност, на телевизија, во интервју за 360 степени, велејќи „може да бидат и сто години“ а “можеби и никогаш да не биде“. Кочењето на европскиот пат е на директна штета на граѓаните, на повисок стандард, поголеми плати, поголеми пензии, подобра иднина за младите. Блокадите на ДПМНЕ и Левица на евроинтеграцијата се закана за иднината на државата и мора да бидат поразени“, велат од СДСМ.
Според СДСМ, на изборите ќе се соочат два политички блока, проевропскиот предводен од СДСМ и антиевропскиот предводен од ДПМНЕ и Левица.
“Глас за проевропската коалиција предводена од СДСМ на претседателските и на парламентарните избори е глас членство во ЕУ, напредок и сигурна иднина“, додаваат од СДСМ.