Со гордост ќе ја претставувам Северна Македонија на оваа висока меѓународна позиција, рече Шекеринска

radmila-sekerinska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Радмила Шекеринска која беше назначена за втор човек на НАТО, односно заменик генерален-секретар на Алијансата, утрово се заблагодари за честитките и поддршката.


„Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои претстојат. Се извинувам што не можам да одговорам на сите ваши пораки поединечно. Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Северна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција“, напиша Шекеринска на социјалните мрежи.

Вели дека секој збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава.

„Заедно покажуваме дека Северна Македонија има што да понуди на глобално ниво. Ви благодарам од срце! Вашата поддршка ми значи многу“, додава Шекеринска.

Државниот врв се’ уште не упати честитка за оваа висока функција, на кој за првпат застанува политичар од Македонија, но и од Западен Балкан.

Северна Македонија стана 30-тата членка на НАТО пред четири години, кога Шекеринска беше министерка за одбрана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK