Со помош на дрон пребаран е теренот кадешто пред една недела исчезна 72-годишниот белгиски планинар, Марк Јорис, на Галичица, но од него нема ни трага ни глас.
Од МВР апелираат до граѓаните доколку имаат било каква информација да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112 .
„Макфакс“ претходно објави дека Марк Јорис исчезнал на 18 септември, а, според пријавеното во МВР тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар- општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија.
Исчезнатиот е висок 182 сантиметри и со слаба градба. Бил облечен во сиви панталони, кафеава блуза со комплет планинарска опрема со вреќа за спиење, стап за планинарење, државјаннин на Белгија, зборува англиски, не зборува македонски.
Се преземаат и низа други мерки и активности за пронаоѓање на лицето.