Со Арсовска ќе се видиме на суд, да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзална сала, најави министерката за култура

Bisera-so-Univerzalna.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Лаги, скандалозни тврдења и обид да се манипулира со чувствата на граѓаните кои и ја дале довербата да го води Градот, се за министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Министерката денес на прес-конференција еден по еден ги покажуваше документите за Универзална сала меѓу кои и мислење од ИЗИИС за безбедноста која градоначалничката ја доведе во прашање, потпишано токму од неа, а за личните навреди најави дека ќе ја тужи.

„Обвинувањата кои таа лично кон мене ги насочува со нејзиното многу лошо сценарио за филмот Универзална не заслужуваат внимание затоа што тоа е една измислена приказна. Инсуинирањето на Арсовска дека сум знаела за пожарот, а не сум пријавила, низата небулози изјавени на вчерашниот прес во следните денови ќе бидат предмет пред судските инстанци, па самата таа ќе има можност подетално да објасни за изнесените тврдења за мене, врзани со Универзална сала. Такви клевети дека јас сум знаела, таа да претпоставува кој кога пријавил пожар, се само предмет да го решиме преку суд. Па да видиме, кога веќе сака да биде обвинител и истражител, нека повели“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа ги отфрли сите вчерашни обвинувања од градоначалничката како невистини. Извести дека градоначалничката Арсовска со манипулативниот прес скала да го сокрие сопствениот неуспех оти изгубила судски спор за одложената реконструкција на Универзална сала што граѓаните ги чини 20 милиони денари, а има и уште еден активен судски спор за Универзална сала.

Министерката уверува дека Министерството ќе продолжи со реконструкцијата на Универзална сала откако ќе заврши истрагата. Нагласи дека барањето од градоначалничката за раскинување на договорот за преземање на Универзална сала што го добил нејзиниот Кабинет не е законско.

„Сите одлуки кои се поврзани со имотот на Град Скопје и граѓаните се одлуки кои ги носи Советот, односно советниците, а не лично таа. Во таа насока нејзиното барање за еднострано раскинување на договорот кое вчера пристигна до мојот Кабинет не може да има никакво правно дејство бидејќи истото треба да е донесено од Советот на Скопје. Доколку Советот одлучи да го раскине договорот со Министерството за култура, Градот ќе мора да ги врати сите средства кои досега сме ги вложиле од државниот буџет, а се сомневам дека Градот во овој момент има капацитет за тоа“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Министерката не знаеше да каже каде е осигурено градилиштето на Универзална сала оти тоа го направил изведувачот, а не Министерството како инвеститор. Извести дека во Град Скопје за реконструкцијата долатиле 146.000 денари за комуналии за дополнителна деловна површина. Упати порака дека за разлика од оние кпи имале прокет и имале пари обезбедни од Владата, а немале капацитет да направат ништо, Министерството како инвеститор ќе ја доврши салата во предвидениот рок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK