Снегот нема да ги изненади институциите, државата е спремна за зимската сезона, нагласи Ангелов

bosna-i-hercegovina-sneg-na-patistata.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како држава сме подготвени за зимската сезона порача директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.


Заклучокот како што нагласи, доаѓа по одржаниот координативен состанок со повеќе државни институции на кој биле разгледани институционалните капацитети за чистење на снегот на патиштата и подготвеноста за благовремено пружање на помош на граѓани доколку за тоа има потреба.

„Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени, бидејќи капацитетите на ЈП за државни патишта, како и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се целосно подготвени. Бројот на камиони е доволен за територијата на државата“, појасни Ангелов.

Според него, во случај на потреба на сопирање на сообраќајот на некои критични точки, особено пред превоите, МВР ќе испрати засилени екипи. Дополни дека ДЗС на располагање има два тима со возила со гасеници кои се оспособени да отидат до тешко пристапни терени доколку е потребно и да се пружи помош за некој загрозен граѓанин.

„Апелирам граѓаните во претстојниот период да користат зимска опрема, особено зимски гуми и да имаат ланци. Најдобрата препорака е доколку немаат неопходна потреба, да не излегуваат непотребно на патишта каде има превои односно места каде патиштата минуваат на околу 1000 метри надморска височина. Безбедноста да биде на прво место“, нагласи тој.

Оцени дека камионите за чистење на снег имаат обезбедено доволна количина на сол и веднаш ќе излезат на терен кога за тоа ќе има потреба.

„Нашите капацитети за чистење на снег воопшто не се за потценување и не се послаби во однос на регионот“, истакна Ангелов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK