Следната недела почнува исплатата на пензиите покачени за 1.000 денари, напролет ќе се зголемат за уште 1000 денари


penzioneri-banja-vikend.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Септемвриската пензија пензионерите ќе ја добијат со покачен износ за 1000 денари. Исплатата ќе почне следната недела.


„Од први октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување, а потоа ќе има и напролет со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите, линеарно, со вкупен износ по пензионер од 7.000 денари. Тоа практично ги надминува оние 5.000 денари кои ги зборувавме за време на кампањата“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Ова е трето покачување на пензиите во последнава година. Во септември лани тие беа зголемени за 2.500 денари, а за ист износ пензиите се зголемија и во март годинава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK