Слави Трифонов до Николоски: Вие постоите затоа што Бугарија постои 1.300 години, не сме ние мизерни, вие сте

slavi-trifonov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на политичката партија, Има таков народ, Слави Трифонов, скандалозно реагираше на изјавата на вицепремиерот Александар Николоски кој претходно ја нарече Бугарија нецивилизиран домаќин.


Трифонов во коментарот на социјалните мрежи напиша дека можел да биде многу груб, но љубезно ќе одговори, а потоа продолжи: „Вие постоите затоа што 1300 година постои Бугарија. Зборувате затоа што бугарскиот јазик постои 1162 години. И некој како тебе може да биде вицепремиер, затоа што луѓето како мене, наместо да го прават тоа што го чувствуваат и сакаат – се воспитани, релативно кротки и ги почитуваат правилата и законите на ЕУ. Ние не сме мизерни – вие сте мизерни. А Бугарите во Северна Македонија не се слуги, туку вие сте слуга – претпоставувам на Србите. Единствениот правилен курс во оваа ситуација е што поскоро да биде отповикан амбасадорот на Северна Македонија во Бугарија“.

Претходно, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостување на ТВ Алфа, зборувајќи за отсуството на македонското знаме на заедничката фотографија на Сиљановска-Давкова и Радев, рече дека очигледно домаќинот не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги.  На изјавата реагираа бугарското МНР, кабинетот на претседателот Радев и голем број политичари од Софија. Бугарија официјално соопшти дека зборовите на Николоски ги оценува како провокација и ги информирала партнерските држави.

Новите вербални конфликти помеѓу двете држави почнаа со посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Софија чијашто цел беше голем културен настан. Сиљановска за време на посетата оставари неформална средба со Радев, кога се појави фотографијата на која двајцата се ракуваат, а зад неа е бугарското знаме. По реакциите дома и коментарите на опозициската СДСМ која го опиша настанот како дипломатски дебакл, од кабинетот на Давкова истакнаа: „Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна“.

Бугарија потоа објасни дека македонското знаме не било истакнато бидејќи се работело за неформална средба.

„Ако државник од соседната земја доаѓа да пие кафе во Бугарија, треба ли да го истакнеме неговото знаме“, рече советникот на Радев, став кон кој се придржуваше официјално и политичкиот врв во Софија.

Тензиите дополнително ги подгреа потегот на бугарскиот амбасадор во Скопје, Жељазко Радуков, кој одби да ја прифати протестната нота.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK