Славески ја обвини Арсовска и нејзината администрација за опструкции за решавање на проблемот со приватните превозници

Славески-ќе-ја-тужи-Арсовска-ме-обвини-за-фалсификување-потписи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели дека по налог на градоначалничката Данела Арсовска, администрацијата го опструира и отворено покажува дека се противи на решавање на проблемот со приватните превозници.


„Иако како претседател на Советот замолив Секторот за поддршка на Совет, кој е дел од градската администрација, да го подготви заклучокот за потпис и проследување до градоначалникот Арсовска во рок од половина час по завршување на седницата, тоа не е направено ниту по час и половина од посочениот рок“, вели Славески.

Претходно, советот на град Скопје по петчасовна расправа на итна вонредна седница со мнозинство гласови донесе заклучок со кој се задолжува градоначалничката Арсовска во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден, 29 ноември 2024 година, да предложи измени и дополни на одлуката за исплата на приватните превозници, со конкретни насоки.

Славески нагласи дека останува да го чека потпис актот во неговата канцеларија во Совет на град Скопје.

Вчера, советниците на ВМРО-ДПМНЕ постигнаа договор за решавање на проблемот со приватните превозници, кои се исклучија од сообраќај барајќи повисока цена за изминат километар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK