Слаб снег на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража и Маврово

Забрана-за-тешки-товарни-возила-преку-Стража.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува во Попова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово, извести АМСМ


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK