Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува корисниците дека жичницата „Милениумски крст“ нема да биде во функција во периодот од 21.04.2026 (вторник) до 24.04.2026 (петок), поради вршење контрола од страна на стручни тимови од австриската фирма „Допелмаер“ (Doppelmayr).
Од 25.04.2026, сабота, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците во вообичаеното работно време.