Педесет и седумгодишна скопјанка падна во автобус.
МВР објави дека несреќата се случила вчера на пладне во градски приватен автобус на булеварот Партизански одреди.
„Додека се превезувала во него како патник, паднала З.Љ.(57) од Скопје. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’“, велат од МВР.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.