Во завршна фаза изградбата на градинката „Пролет“ во општина Центар

dete-igra
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изградбата на новата градинка во Општина Центар, „Пролет“ е во завршна фаза.

Како што информира Општина Центар, градинката ќе се простира на површина од околу 3.276 метри квадратни, на две нивоа со капацитет за згрижување на 150 деца во 9 занимални.


– Градинката „Пролет“ ќе биде инклузивна градинка со лифт и надворешно игралиште за деца со попреченост во движењето, атриум, просторија за лекар и сопствена кујна со трпезарија, изјави градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски.

Општина Центар, како што истакна, со оваа градинка ќе ги задоволи потребите за згрижување на децата од населбите Пролет и Крњево кои сега се запишани во градинките во околните населби.

Герасимовски потсети на инвестициите во предучилишните установи, како поставувањето на термичката изолација на фасада и реконструираната покривна површина во градинката „13 Ноември“, објект Јасмин и подготвителните работи за реконструкција на фасадата на градинката „Корчагин“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK