Во текот на една недела санкционирани 𝟣𝟦𝟤 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

Screenshot-2024-12-30-094740.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 23.12. до 29.12.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 142 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.


ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, соопшти ПОЦ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK