– Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото „Гласни и горди“ во Скопје се одржува овогодишното издание на Скопје Прајд.
Учесниците се собраа во Паркот Жена во центарот на градот, а потоа по поздравните говори Парадата на гордоста продолжи со марш по скопските улици.
Парадата е проследена со музика, но и е под силно полициско обезбедување. Улиците во централното градско подрачје се затворени за сообраќај.
Заедно со учесниците на Парадата се и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерките за труд и социјална политика Јована Тренчевска и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничката Маја Морачнин и други лица од јавниот и општествениот живот.
Лила Милиќ, трансродово лице пред почетокот на маршот изјави дека Скопје Прајд калп и другите паради на гордоста се празници на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните, но и повод за славење на жилавоста борбата за еднаквост.
Таа додаде дека на светско ниво, трансродовите жени се изложени на убиство од омраза. Од 2008 година во светот се евидентирани 4.039 убиства.
Како што посочи, многу сме далеку од демократско општеството, иако уште се убедуваме во тоа. Според Милиќ, многу случаи остануваат непријавени или непрепознаени како такви. Во нашата држава, додаде, уште немаме документирано случено убиство иницирано од омраза лон ЛГБТ популацијата.
Мајка на лице со различна сексуална ориентација изјави дека важно е родителите да разберат дека нивните деца имаат бројни квалитети и вредности и оти ја заслужуваат нивната безрезервна поддршка, внимание, грижа, посветеност без оглед на нивната сексуална ориентација и родов идентитет.
-Сексуална ориентација и родов идентитет не е избор на нашите деца, тие не избираат да бидат различни, но различни се само по својата сексуална ориентација, рече таа.
Настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на Армијата во Градскиот парк.