Во чест на празникот на светите рамноапостоли Константин и Елена, денес во општина Илинден свечено беше одбележан патрониот празник на храмот „Св. Константин и Елена“.
По тој повод, беше отслужена света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Епископот Дељадровско-Илинденски г. Јоаким. На богослужбата присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој со своето присуство ја потврди поддршката на локалната самоуправа во негувањето на духовните, културните и традиционалните вредности во заедницата.
По повод празникот, градоначалникот упати честитки до православните верници, особено, до сите граѓани кои го носат името на светите Константин и Елена, посакувајќи им добро здравје, среќа, благосостојба и духовен мир.
Светата литургија беше посетена од голем број верници од општина Илинден, кои достоинствено го одбележаа празникот посветен на светиот цар Константин Велики и неговата мајка Елена. Нивното дело и нивната посветеност на христијанската вера претставуваат трајна инспирација и значаен дел од христијанското духовно наследство, се вели во соопштението од општина Илинден.