Вкусот на традиционалната српска кујна во Limak Skopje Luxury Hotel

srpska-vecer
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 9 јуни 2023 година љубителите на кулинарските специјалитети ќе имаат можност да уживаат во прекрасниот избор на јадења од српската национална кујна. По организацијата на „Денови на турската кујна“ и „Аргентинска вечер“, Limak Skopje Luxury Hotel овој пат ги претставува традиционалните вкусови на српската кујна.

За автентичноста на специјалитетите што ќе бидат претставени се задолжени главниот готвач на хотелот и неговиот тим, а секое јадење ќе биде придружено со далеку познатата српска ракија, како и српски вина. Дел од специјално подготвеното мени се предјадењата како гибаница со сирење, кајмак, чварки, залучени пиперки, сарма од кисела зелка и Караѓорѓева шницла, додека главното јадење го сочинуваат печено прасечко и уштипци. Десертот е Васина торта во комбинација со српски ликер од орев.


Автентичната атмосфера за време на оваа „Српска вечер“ ќе биде комплетирана со музика во живо и забавен дел.
Традиционалната српска кујна ја сочинуваат разновидни вкусови и мириси, поради влијанијата на различни народи и култури. Во неа доминира месото, како и јадењата од тесто, млечните производи и зеленчукот. Сите што ќе одлучат да бидат дел од „Српската вечер“ на Limak Skopje Luxury Hotel, ќе имаат можност да уживаат во автентичните вкусови на традиционалната српска кујна и да ги осознаат нејзините убавини.
Повеќе информации и резервации може да се добијат во хотелот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK