„Советничката група на СДСМ во Советот на Град како опозиција секогаш делувала исклучиво во интересите на граѓаните на Град Скопје. Во овие нецели 3 години локална власт на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ нашите ставови сме ги кажувале јасно, гласно, недвосмислено, транспарентно и секогаш сме имале аргументи и став зошто определени одлуки во Советот на Град Скопје сме ги поддржале, а исто така и зошто за определени одлуки не сме дале наша поддршка“, рече Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.
„Советот на Градот Скопје го сочинуваат 45 членови избрани на фер, демократски и непосредни локални избори во 2021 година, претставени во 8 советнички групи, кои на изборите застапувале свои програми, идеи и проекти.
Несериозни се изјавите на градоначалничката Данела Арсовска дека е блокирана од страна на сите 45 советници. Арсовска не може советниците на СДСМ и останатите советнички групи да ги става во исти кош со советниците на ДПМНЕ со кои заедно во 2021 година ја промовираа програмата „За Модерно Скопје, брзо и сигурно”. Ниту модерно ниту брзо а најмногу од се нај несигурно.
За жал, сведоци сме дека продолжува препукувањето на релација ДПМНЕ и Арсовска. Меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за тоа кој е виновен за колапсот во Градот Скопје.
Наместо да земат да работат, оние кои го уништија Скопје меѓусебно се препукуваат врз грбот на скопјани кој бил крив.
Ова неодговорно однесување е потценување на интелигенцијата на граѓаните, на скопјани.
Затоа СДСМ како опозиција во Советот на Град Скопје ќе продолжи да делува конструктивно и секогаш ќе ги поддржува проектите кои се во интерес на скопјани. СДСМ нема да блокира и нема да прави дневна политика од тоа затоа што за СДСМ скопјани се на прво место.
Заглавени се бројни значајни проекти, Скопје уназадува. Негласањето за НИШТО и Блокадите на советниците на ДПМНЕ, и меѓусебните опструкции прават огромна штета на граѓаните на Скопје.
Упатуваме искрен и добронамерен апел, ДПМНЕ и Асровска да ги прекинат препукувањата и да земат да работат, колку-толку, за конечно нешто во Скопје да се направи.
Наместо дневно препукување да кажат кои капитални проекти ќе ги поддржат, кои програми ќе се изгласаат и во овој краток период кој им преостанува до локалните избори барем малку ја поправат состојбата во Скопје.
Недозволиво е Скопје и скопјани да бидат жртви на нивните политички хирови и бизнис интереси“, изјави Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.