(Видео) Американка разочарана од Скопје: За 5 минути возење со такси ми наплатија 20 долари како да сум во Лос Анџелес

Видео-Американка-разочарана-од-Скопје-За-5-минути-возење-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тиктокераката Лена Сноу од Америка на социјалната мрежа сподели искуство како си поминала додека престојувала во Македонија. Инаку таа панува низ светот и постојано споделува искуства од земјите каде ги посетила. Соу за Македонија, посебно за главниот град има негативен впечаток.


Таа во своето видео обраќање вели дека Македонија е земјата која најмалку и се допаднала од сите европски земји кои ги посетила.

„Македонија дефинитивно е број еден. Но, не целата држава, туку конкретно главниот град Скопје. Ова беше едно од најлошите патувачки искуства што сум ги имала. Во мигот кога останав сама, луѓето буквално свиреа од автомобилите по мене, ми довикнуваа по улиците. Си реков „Ова е премногу“, вели Лена Сноу.

@sowonthego Replying to @nanimie I’m fine with a tourist tax, I’m not okay with being forced to pay an egregious amount with no way out bc I’m a tourist locked in a vehicle #travel #traveltok #solotravel #solofemaletraveler #blackgirltiktok #blacktravel #blackwomentravel #blacktravelfeed #blacksolotravel #bipoctravel #woctravel #northmacedonia #macedonia #skopje #tourist #touristscam #americansbroad ♬ original sound – Lena | Solo & Budget Travel

Чуството за небезбедност и наплаќање на висока цена на нелегалните таксисти како да се возиш во Лос Анџелес, ја натерало тиктокераката Лена да има негативно туристичко искуство во Скопје.

„Покрај тоа што велам дека е небезбедно, има премногу нелегални такси возила. Во ред е тоа што ми наплаќаа повеќе бидејќи навикната сум да плаќам „туристичкиот данок“, но не е во ред тоа што ме тераа да платам огромна сума без излез, значи, јас сум турист затворен во возилото. Ако таксито реално чини 3 долари, ок е ако ми наплати 6 долари, двојно повеќе. Но, да ти наплати 20 долари за 5 минути возење е лудо. Лудо е тоа што ми наплаќаа повеќе од тоа што би го платила во голем град како Лос Анџелес каде што живеам. Правам споредба бидејќи ЛА важи за град со високи цени. Тој е голем град, но, Скопје е многу помал и ми наплаќаат десет пати повисока цена. Нема начин како да се движите низ градот, бидејќи е тешко да најдете сигурно такси, особено ако не зборувате македонски. Значи, заглавени сте. А, за мене тоа е многу небезбедно и не можам да го поднесам“, го сподели Лена искуството на Тик ток.

Но не е се така црно. Лена сподели и позитивни впечатоци од Македонија. Од Охрид била воодушевена, но на сите оние кои имаат план да го посетат Скопје вели дека треба да го прескокнат

Од своето патување во Македонија, таа сепак, пренесува и позитивни впечатоци. За разлика од Скопје каде што вели дека никогаш повторно нема да се врати, на Лена и се допаднал Охрид и го препорачува како убава дестинација.

„Слушнав и од многу други жени дека исто така имале такви чудни искуства и не би можела да го препорачам. Никогаш, никогаш нема да се вратам“, вели Лена Сноу во виедото на ТикТок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK