Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес ги подели бесплатните униформи на учениците од Основното училиште „Наум Наумовски Борче“ во Маџари.
За настанот, градоначалникот Стефковски информираше и на својата официјална страна на фејсбук.
„Ова е за прв пат, општина Гази Баба да обезбедува бесплатни ученички униформи за сите 6800 ученици. Со реализацијата на овој проект обезбедуваме социјална еднаквост и на еден начин ги надминуваме економските и класните разлики кои можеби постојат помеѓу семејствата и овозможуваме тоа да нема никакво влијание врз учениците. Приоритетна активност на учениците останува да биде зголемување на знаењето“, кажа градоначалникот.