Со „Волшебникот од Оз“ одбележан Меѓународниот ден на детето

pretstava_24234432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со изведба на „Волшебникот од Оз“ денеска се одбележа Меѓународниот ден на детето во организација на Министерството за култура во соработка со училиштето за театар „Од игра до претстава“, на Школка во Градскиот парк.


Во „Волшебникот од Оз“ играа Неда Тасевска, Максим Апостоловски, Теофил Сачкарски, Андреј Танушев, Калин Атанасовски, Теона Трошанска, Матеа Кожаровска, Неда Блажевска, Андреа Стојковска, Јосиф Блажевиски, Ведран Маричиќ, Теодора Трајковека, Анастасија Геговска, Дарија Секуловска, Јана Палески, Јана Групчева, Марко Миноски.

Креативниот тим беше составен од преведувачката Мирјана Давчевска, шминкерката Марија Лападатовиќ и сценографите Горан и Александра Сачкарски. Продукцијата е под менторство на Игор Ивковиќ, Марина Поп Панкова, Миодраг Костиќ, Ирена Илиевска и Афродита Кирјаковска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK