Славески чекајќи инструкции од својот партиски шеф го блокираше равојoт на градот, велат од Град Скопје

arsovska-slaveski.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Срамно и неодговорно е однесувањето на претседателот на Советот, Трајко Славески кој своеволно ја одложи седницата на Советот на Град Скопје на која требаше да се гласа за проекти кои се од клучно значење за скопјани, реагираат од Град Скопје.



Наместо да се разговара за капитални проекти, Славески, додаваат од Град Скопје, ја прекина и одложи седницата на која требаше да се најдат неколку круцијални инфраструктурни проекти, кои значително ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните на Скопје во неколку населби ширум градот.

„Славески веројатно чекајќи инструкции од својот партиски шеф денес го блокираше рамномерниот равој на градот кој самиот го промовираше шетајќи од врата до врата со програмата „За Модерно Скопје“ на градоначалничката Данела Арсовска.

ВМРО-ДПМНЕ денес ја попречи реконструкцијата на улицата Калош Дани која е руинирана, а по која секојденво транзитираат илјадници жители на населбата Момин Поток.

Славески и ВМРО-ДПМНЕ ги оштетија и карпошани со блокадата на работата на Советот имајќи во предвид дека денес советниците требаше да гласаат за изградба на две новопланирани улици 1 и 4 и изградба на мега парк во општина Карпош“, истакнуваат од Град Скопје.

Чучер Сандево кое повеќе од 30 години е заборавено од сите градски администрации, според информацијата од градот, нема да добие реконструирана водоводна и нова фекална мрежа и реконструкција на улици во местата Кучевишка Бара и Бел Камен само поради личните хирови на Славески.

„Апелираме до Мицкоски навреме да им ги каже инструкциите на своите советници кои очигледно без негов амин не знаат како да гласаат кога станува збор за клучни инфраструктурни проекти во градот. На овој начин граѓаните барем ќе бидат свесни и ќе знаат кој работи во нивен интерес, а кој исклучиво гледајќи го тесно-партискиот и личниот бизнис интерес3, се истакнува во соопштението од Град Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK