Сектор за санитарна контрола: Скопје има безбедна вода за пиење

voda_35353535
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје има безбедна вода за пиење според неделниот извештај на Секторот за санитарна контрола, известуваат од ЈП Водовод и канализација.

ЈП Водовод и канализација – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.


Во Службен весник пишува дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 24.07.2023 до 28.07.2023 со испитување на 190 примероци за физичко-хемиска и 190 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје, дојде до заклучок дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK