­

Седница на ЦО: „СДСМ ќе ги искористи сите механизми за обезбедување неселективна правда и одговорност за трагедијата во Кочани“


centralen-sdsm-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на којашто, како што извести партијата, се разговарало за актуелните состојби во земјата по најтешката трагедија којашто ја погоди Македонија и во која згаснаа 59 луѓе.


Со едноминутно молчење членовите на највисокиот орган на СДСМ оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Кочани и изразија сочувство со болката и тагата на нивните семејства.

„Заклучок на Централниот одбор на СДСМ е дека досегашниот тек на истрагата покажува дека се води селективно и е насочена само кон минатото, само кон поранешни функционери и службеници додека воопшто не се опфатени актуелните функционери и службеници, иако биле на функции на денот кога се случила трагедијата.

Селективноста не е правда туку неправда и ја продлабочува недовербата на граѓаните во институциите и во правосудството. Имајќи ја предвид сериозноста на трагедијата и тешките последници со огромен број жртви и повредени, недозволиво е да води истргата на селективен начин“, велат од СДСМ.

„СДСМ инсистира на неселективна, независна и темелна истрага во која сите ќе одговараат согласно законите. На било каква селеквтивност, штитење на актуелни функционери, на поединци блиски до власта СДСМ ќе се спротивстави. Пред законот сите мора да бидат еднакви.

Во оваа насока СДСМ ќе ги искористи сите институционални и демократски механизми, вклучително и во македонското Собрание, преку Анкетна комисија во соодветен момент, за утврдување на фактите, но и политичката одговорност за трагедијата којашто се случи во Кочани.

Во однос на внатрепартиските избори за Претседател на СДСМ, кои беа одложени поради трагедијата во Кочани, Централниот одбор донесе одлука да се одржат на 6-ти април“, соопштија од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK