Денес на 13.11.2023 година, екипите на ЈП Улици и патишта вршат градежни активности за реконструкција на улицата Никола Карев на потегот од мостот Беласица до крстосницата со булевар Кузман Јосифовски Питу.
Поради изведба на градежните активности за асфалтирање во периодот од 10 до 14 часот, ќе биде воведен времен режим на потегот од мост Беласица до крстосница со булевар Кузман Јосифовски Питу, па потоа ќе продолжи асфалтирањето на крстосницата од 18ч. до завршување на градежните активности.
На целиот потег ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, велат од ЈП Улици и патишта.