Планира ли Арсовска да почне да работи, што е поважно за неа од Скопје и скопјани, прашува Андоновска

Понизноста на СДС и Ковачевски кон ДУИ, само да им опстои владата дозволи Скопје да стане косовски пашалак
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска треба да имаме две седници, едната е за советнички прашања, а другата редовна седница на Советот на Град Скопје. Како што се гледа, не знам која е по ред оваа седница за советнички прашања каде што градоначалничката не е присутна во салата. Тоа значи дека Арсовска не е заинтересирана да одговори на прашањата кои ги имаат граѓаните, а тоа е нејзина должност и обврска, изјави советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска на денешната седница на Советот на Град Скопје.


„Арсовска не е присутна, а треба да е тука и да одговори на прашањата на граѓаните, не е тука кога треба да се зборува за проблемите на граѓаните, не е тука кога се носи буџет или ребаланс на буџет, не е тука ниту дури кога таа предлага свои точки да ги образложи и да каже што бара од овој совет, истакна Андоновска.

Прашува како Арсовска планира да го направи овој град поубав и модерен, како планира да ги исполни ветувањата кога не е присутна на Советот да зборува за проблемите кои го мачат Скопје и скопјани.

„Што е поважно за Арсовска од нејзината обврска да работи за Скопје и скопјани? Дали таа мисли дека до крајот на мандатот ќе ги избегнува граѓаните и нивните проблеми и нема да работи транспарентно, туку ќе се шета по земјите без да одговори зошто тоа го прави и зошто ништо не реализира од програмата. Како Арсовска планира да продолжи понатака?“, вели Андоновска.

Таа нагласи дека во Советот не може да се работи без Арсовска да биде присутна и да одговори транспарентно за одлуките.

„Арсовска треба да одговори на граѓаните, треба да биде тука за да може да се донесат решенија. Не може да се носат решенија без да биде присутна и да образложи, да се најде решенија, проблемите да се решат. Планира ли да почне оваа градоначалничка да ги спроведува ветувањата? Советот е блокиран од градоначалничката“, нагласи Андоновска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK