Основното училиште „Александар Македонски“ во општина Аеродром од 𝟣 септември воведува целосна едносменска настава


uciliste-aleksandar-makedonski-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од 1 септември ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар целосно преминува во едносменска настава.


Градежните зафати за адаптација на објектот се реализираат со поддршка од Министерството за образование и наука, додека комплетното уредување на училниците е финансирано од Општина Аеродром.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, извршија увид во подготовките на училиштето за почеток на новата учебна година. Со заеднички ангажман се создадени сите услови за оваа значајна промена, која носи подобри услови за учениците.

„Воведувањето едносменска настава значи подобра организација на наставниот процес, повеќе време за учениците, наставниците и семејствата, но и повеќе можности училиштето да биде место за дополнителни активности, спорт, култура и развој на вештините на децата.

Ваков вид настава се воведува и во ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче за учениците од VI до IX одделение, со што продолжува унапредувањето на образовниот процес и создавањето подобри услови во училиштата на територијата на Општина Аеродром“, се додава во соопштението од Општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK