Опожарени два пластични контејнера во скопската општина Центар

viber_image_2024-12-27_11-06-01-716.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пред неколку часа, непознати сторители опожариле два сада наменети за одлагање комунален отпад во скопската населба Дебар Маало.


Контејнерите се лоцирани на улицата Орце Николов, во непосредна близина на Генералштабот и истите се со зафатнина од 3,2 кубни метри. Двата опожарени контејнера се неупотребливи и во најкус можен рок ќе бидат заменети од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Опожарувањето на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и го оневозможува навременото реализирање на активностите предвидени согласно Оперативната програма за работа на ЈП Комунална хигиена-Скопје.  Од почетокот на 2024 година се опожарени 22 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени кај надлежните органи“, посочуваат од Опптина Центар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK