Со претставата „Страданијата на првата брачна ноќ на Миле Султан“ од Србија, утре (среда, 21.06.2023), ќе се одбележи отворањето на годинешното издание на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ што ќе се одржи од 21. до 25. јуни на фудбалскиот стадион во Реонски центар во Аеродром.
Традиционалниот фестивал е во организација на Општина Аеродром и Театар Комедија, а годинава акцентот на репертоарот е ставен како на врвни театарски претстави и актери од регионот, така и на стенд-ап настапите на македонски познати комичари и актери, кои последните години привлекуваат огромен интерес кај публиката.
Претставите и стенд-ап настапите ќе бидат со почеток од 21:00 часот, а целата агенда можете да ја видите на сликите во прилог. Влезот е слободен и е дозволен само за лица над 16 години.
Ве повикуваме на уште едно театарско дружење на една од петте вечери, со кое низ смеа, забава и квалитетна програма, ќе го одбележиме доаѓањето на летото во Општина Аеродром.