Комунална хигиена-Скопје подигна 𝟧𝟢 кубни метри непрописно одложен отпад во текот на изминатото деноноќие

viber_image_2024-12-24_18-52-34-272.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Карпош и Гази Баба, информира Комунална хигиена-Скопје.


Повторно е интервенирано на улицата Џон Кенеди во општината Чаир, каде што се подигнати 15 кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања одложени на јавна површина во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“. Во оваа скопска општина се отстранети и седум кубни метри непрописно одложен градежен отпад од сообраќајна површина на улицата Цветан Димов.

Во општината Карпош се реализираа активности на булеварот Партизански одреди, каде што се расчистени приближно пет кубни метри отпад од картонски пакувања одложен на тревна површина во близина на Порта Влае.

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден отстрани и обемна дива депонија составена од кабаст и мешан комунален отпад лоцирана на улицата Париска комуна во општината Гази Баба, извести Комунална хигиена-Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK