Комисијата за заштита на правата на пациентите на Град Скопје го осудува инцидентот од видеоснимките за злоставување, претепување и изживување врз пациент во ЈЗУ Психијатриска болница Скопје.
Како што информираат од Град Скопје, Комисијата за заштита на правата на пациентите на Град Скопје на 8 јуни одржала вонредна седница година и донела неколку заклучоци, помеѓу кои се поддршка за институциите да го испитаат случајот и да ја информираат јавноста за преземените мерки.
– Неопходни се итни превентивни мерки за спречување на ваков тип на урнисување на достоинството на пациентите од други пациенти, како во случајов, или од медицински персонал, какви што се случија претходно, на кои Комисијата не реагираше јавно затоа што е надлежна само за градот Скопје, велат од Град Скопје.
Дополнуваат дека Комисија за заштита на правата на пациентите функционира и ги охрабрува граѓаните (пациентите) да доставуваат претставки.