ЈСП: Средношколците ќе ги добијат билетите за бесплатен превоз во училиште

DSC_7393.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЈСП ги информира учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз (ученици во средни училишта чиј основач е Град Скопје) дека билетите ќе ги добијат во матичните училишта. Сега ќе им бидат дадени времени билети, кои во меѓувреме ќе бидат заменети со „Скопска“.


„Учениците од повисоките одделенија, во случај да имаат потреба од нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје. Притоа, неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката“, велат од ЈСП.

Оттаму потсетуваат дека средношколските билети за бесплатно користење на јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот, односно, единствено не важат за користење на ноќни линии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK