ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека во текот на изминатите два дена подигна и транспортира вкупно 1130 тони комунален отпад од контејнерите поставени на јавни површини.
Отстранети се 250 кубни метри отпад од приближно дваесет диви депонии лоцирани во сите скопски општини, почнувајќи од првата смена во текот на денешниот ден, каде што продолжува да се собира и транспортира комуналниот отпад според стандардната динамика, утврдена со Оперативната програма за работа на претпријатието.
– Воедно, продолжуваат и редовните активности за одржување на хигиената на јавните и на сообраќајните површини во сите скопски општини, се додава во соопштението од ЈП Комунална хигиена-Скопје.