Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со смешните соопштенија околу проектот Алумина. Многу не потсетуваат на кокошката која ја бркал петелот а таа си викала: „Да застанам?! Или… Море ај да свртам уште некое кругче, да не помисли дека сум лесна женска“. Вака Мицкоски и неговата арамиска дружина вртеа кругчиња и околу проектот „Ист Гејт“. Вртеа, вртеа и застанаа тогаш кога го договорија пазарот. Јавноста да не се возбудува околу пресовите и соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ. И сега се пазарат и ќе гласаат за Алумина“, се наведува во реакцијата на општина Карпош.
„Изградбата на „Ист Гејт“ и објектот околу него е убав проект, но јас сум сигурен дека нашиот проект во Карпош е најубав. А Мицкоски се декларира дека работи за доброто на граѓаните. Јас знам дека и сега ќе гласа за доброто на граѓаните, ама во анкетната предигра малку да изработи и за себе. Нема потреба од нервоза, се познаваме добро“, се додава во реакцијата на општина Карпош.