ИЗИИС ќе одбележи 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

iziis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) во пресрет на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје што се одбележуваат утре, денеска ќе има завршен од серијата настани по повод годишнината. Од 26 април Институтот организираше повеќе едукативни работилници за деца и млади, отворени денови и научни средби.

-На ден пред датумот кој ќе означи 60 години од скопскиот земјотрес, ќе  оддадеме почит кон жртвите на таа природна катаклизма. Изминаа 60 години, а ние со нашата научна, образовна и апликативна работа секојдневно укажуваме на вистината дека треба да градиме издржливост, наведува Институтот кој е дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.


На настанот се најавени обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, претставникот на УНДП,  Армен Григоријан, ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, директорот на ИЗИИС, проф. д-р Влатко Шешов, како и претседателот на Светската и потпретседателот на Европската асоцијација за земјотресно инженерство.

По официјалниот дел од настанот, ќе бидат презентирани факти за земјотресот во Сокпје во 1963-та, за придонесот на ИЗИИС во обновата и реконструкцијата на Скопје, како и панел-дискусија со домашни професори и експерти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK