Градоначалникот на КИслеа Вода Орце Ѓорѓиевски синоќа присуствуваше на забавата по повод завршувањето на учебната година на учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец” и од Здружението на родители на деца со церебрална парализа. Настанот се одржа во вила ,,Касијана” и е уште еден од бројните настани кој градоначалникот ги организира со цел да се олесни животот на овие лица, индформиора Општина Кисела Вода.
– Овие дечиња, моите верни пријателчиња сакаат љубов и внимание и да знаат дека не се сами. Се борам и ќе се борам да имаат еднакви можности и секогаш можат да сметаат на мене како човек, но и како градоначалник. Сакам да им се заблагодарам на вила ,,Касијана” што ги отвори вратите за овие дечиња да можат да се дружат и забавуваат, а вам, другарчиња мои, ви се заблагодарувам на прекрасната вечер. Секогаш уживам да го поминам времето со вас! Се гледаме на следното дружење, им порача градоначалникот Ѓорѓиевски.
Како што посочи, во Расадник, е отворен и активно функционира клуб за децата со церебрална парализа целосно покриен од градоначалникот и неговиот кабинет. Тој истакна дека Кисела Вода овозможи и функционирање на Дневен центар за окупациона терапија за лица со попреченост над 18 години, ја отвори првата целосно инклузивна јавна детска градинка Симба, како и првото целосно инклузивно основно училиште, ООУ “Кузман Јосифовски Питу”.
– Кисела Вода е првата и единствената општина каде, преку соработка со Црвен крст, старите и немоќни лица добиваат бесплатен посебен транспорт за користење на здравствена, социјална, или друга административна услуга. Во насока на обезбедување на еднакви можности за сите, во Општина Кисела Вода заедно со Министерство за труд и социјална политика и Црвен Крст отвори и Нега – Центар за обезбедување на помош во домашни услови за повозрасните и лицата со попреченост, изјави Ѓорѓиевски.
Овие лица се вклучени и во сите манифестации организирани од Општина Кисела Вода, а често, како што беше и синоќа, заедно со градоначалникот заеднички ги одбележуваат и своите поголеми и помали успеси и лични достигнувања.