Коалицијата ДПМНЕ – СДСМ работи против интересите на граѓаните во Советот на Град Скопје. Претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес одби по четврт пат да ја стави на дневен ред во Советот за гласање предлог точката за набавка на нови еко-автобуси за потребите на граѓаните.
Само поради антинародната коалиција ДПМНЕ – СДСМ во Советот на Градот Скопје, скопјани нема да добијат 50 нови, модерни и еколошки автобуси.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обединети кога станува збор за паушалите од по 500 евра кои ги земаат советниците, обединети по однос на паушалите кои ги земаат нивните кадри во надзорните и управните одбори, обедините кога се работи за партиските вработувања, но се нема слух кога станува збор за интересите на граѓаните.
Славевски како и останатите советници од ВМРО-ДПМНЕ се шетаа од врата на врата промовирајќи ја програмата „За модерно Скопје“ на градоначалничката Данела Арсовска, а сега откако станаа дел од Советот работат спротивно на интересите на граѓаните и прават се за програмата која ја доби довербата на граѓаните да не се исполни.
Но тоа не е се бидејќи коалицијата ДПМНЕ – СДСМ во Советот на Град Скопје продолжува да се служи со лаги и манипулации . Градот ниту е пред банкрот, ниту ќе банкротира и прави се што е технички возможно да ги врати долговите кои ги наследил од претходните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои работеле недомаќински и ги задолжиле скопјани за милионски суми.
Градот Скопје нема да прави компромис со вистината, ниту пак со проектите кои сме ги ветиле пред граѓаните, програмата „За модерно Скопје“ ќе се реализира на еден или на друг начин им се допаѓало тоа на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ или не бидејќи за нас интересот на граѓаните е пред се.
Град Скопје