Ѓорѓиевски: После 40 години мојот народ во Пинтија добива фекална канализација

Ѓорѓиевски-После-40-години-мојот-народ-во-Пинтија-добива-фекална.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денес го означи стартот на градежните активности во населбата Пинтија за изградба на фекална канализација. Ова населено место 40 години е без фекална мрежа, а зафатот ќе биде во должина од 1400 метри кои ќе ги задоволат потребите на над 200 домаќинства.


​- Денес е убав ден за жителите од Пинтија. После четири децении лажни ветувања, лажни надежи пред секои избори, започнавме со она што го ветив, а тоа е изградба на фекална канализација и решавање на долгодишниот горлив проблем со кој се соочуваа граѓаните.
Се работи за мрежа од 1400 метри која опфаќа над 200 домаќинства и која трајно ќе ја реши долгогодишната голгота и живеењето во супстандардни услови. Оваа фекална канализација привремено ќе биде приклучена во кругот на ОХИС до моментот кога ќе почнеме да ја градиме фекалната канализација за населбите Каменик 1 и 2, бидејќи за приклучување на оваа мрежа ќе треба да се премине преку булеварот „Борис Трајковски“, рече градоначалникот на Кисела Вода.

„Веднаш откако ќе завршат градежните активности и сите домаќинства ќе бидат приклучени кон главните водови, ќе пристапиме кон санација на улиците со асфалт или бехатон, во зависност од постојната состојба или потреба.

Ова е проект кој го ветив пред мојот народ, а денешното отпочнување со работа е доказ дека мојот збор вреди. Јас нема да дозволам ниту еден жител на Кисела Вода да живее во услови кои не доликуваат за едно модерно општество. Сите проблеми заеднички ќе ги надминеме и Кисела Вода ќе биде урбано место за живеење!“, изјави Ѓорѓиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK