Герасимовски: Кога стапувате на функција не ги делите луѓето по партиски или било кои други основи

gerasimovski_43345345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел дискусијата „10 години потоа, кога бевме помлади“, во рамки на Академијата за јавни политики, дел проектот за Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија, поддржан од Владата на Швајцарија, а имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи.







Како што информираат од Општина Центар на панел дискусијата заедно со градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, Герасимовски и учесниците дискутирале и за работата во Општина Центар, работата на Советот, за тоа како функционираат советничките групи и општо, за локалната политика во државава.

-Нашите помлади колеги ќе научат дека кога ќе стапите на функција, не ги делите луѓето по партиски или по било кои други основи. Кога стапувате на позиција, ваша обврска е да си ја завршите работата најдобро што знаете и умеете и на крајот, да обезбедите резултати од кои корист ќе имаат сите граѓани, изјавил Герасимовски на панел дискусијата.

Герасимовски и Ибраими во своите излагања ги презентираа проблемите и предизвиците со кои се соочуваат самите тие во нивните секојдневни работи и потоа одговараа на прашањата поставени од учесниците на Академијата за јавни политики.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK