Герасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало


asfaltiranje-istarska-3.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Центар го заврши асфалтирањето на крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите, велат од Општината.


„Секој зафат што им го олеснува секојдневието на граѓаните е важен. Го асфалтиравме кракот на „Истарска” во Ново Маало и обезбедивме поуреден пристап до домовите на жителите. Продолжуваме да ги уредуваме улиците низ Центар, со внимание и на помалите улични краци“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар продолжува со вложувања во локалната патна инфраструктура за подобри услови за живеење во населбите, се додава во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK