Галетановски поднесе документи за директор на Зоолошка: Барам мандат од една година за да ги подобрам условите

galetanovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот директорот на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски преку социјалните мрежи информираше дека поднел документи на огласот на град Скопје за директор на ЗОО Скопје.


Како што кажа Галетановски, ова го прави во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои му пишале, но најмногу поради животните и колегите кои заслужуваат мир и благосостојба, достојни за нив.

„Барам од градоначалничката Данела Арсовска и советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на ЗOO Скопје. Мојата визија е враќање на кандидатурата во ЕАЗА и дистанцирање на Зоо Ск од политички влијанија“, напиша Галетановски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK