(Фото) Покриен г** никој не го плука – Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци

Screenshot-2025-01-28-114020.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Оваа уметничка акција е посветена на борбата за заштита на личните податоци бидејќи секојдневно сѐ повеќе наши граѓани се жртви на злоупотреба на нивните лични податоци. Во полесните случаи ефектите од злоупотребена односно кражбата на личните податоци се сведуваат на пренатрупаност преку е-маил, вибер, СМС и слични пораки на електронските уреди, но во посериозните случаи граѓаните за жал остануваат со празни банкарски сметки исплаќаат разни претплати за кои никогаш не се согласиле, а во екстремни случаи поради злоупотреба на нивните податоци враќаат брзи кредити, велат од Центарот за современи уметности – Скопје.


„Идејата на акцијата „Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци – Покриен г** никој не го плука“ е преку визуелно допадлив уметнички јазик изразен во едноставна но ефикасна урбана акција претставена преку гигантски гаќи и спружени алишта со испечатени лични документи да обрнеме внимание особено на повозрасните генерации сериозно да ги сфатат заканите и проблемите кои произлегуваат од недоволната и несоодветната заштита на личните податоци. Преку оваа акција користејќи го едноставниот народен јазик и острата мисла на народниот творец раскажана во едноставната синтагма, сакаме да потсетиме дека еднакво како што ги криеме „срамните“ делови на нашето тело треба да ги криеме и нашите лични податоци. На овој начин сакаме да влијаеме на јавноста и на граѓаните да ја развијат свеста и да ја разберат сериозноста на потребата за чување на сопствените лични податоци“, велат од Центарот за современи уметности – Скопје.

„Акцијата е наш придонес во одбележувањето на Европскиот ден за заштита на личните податоци – 28 јануари. На овој начин ја одбележуваме годишнината од донесувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на личните податоци, првиот правно обврзувачки меѓународен документ во областа на заштитата на личните податоците, што има за цел да ја подигне свеста и да ги промовира добрите практики за заштита на приватноста и заштита на личните податоци. Овој датум се одбележува секоја година од сите земји членки на Советот на Европа, како и од институциите на ЕУ“, додаваат од Центарот за современи уметности – Скопје.

Акцијата e поставерна на улица Македонија во близина на Спомен куќата на Мајка Тереза.

Урбаната акција е дело на групата Урбани уметнички акции – Урбана герила на Центарот за современи уметности.

Акцијата е дел од проектот „Лажни вести – предупредувајќи ги сограѓаните“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK