(Фото) Детското игралиште во „Жданец“ со нов лик


detsko-igraliste-zdamec-2.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Детското игралиште во населбата Жданец е целосно реновирано и реконструирано, со што најмладите жители добија побезбедно, поуредно и пофункционално место за игра и дружење. Во рамки на реконструкцијата, целосно се заменети оштетените реквизити, поставени се нови седишта на клацкалките, како и нова заштитна мрежа на кошот кој се наоѓа во состав на игралиштето, извести Општина Карпош.


„Дополнително, со цел подобрување на урбаната и естетската функционалност на просторот, заменети се дотраените дрвени даски на клупите со нови.

Општина Карпош континуирано вложува во ревитализација на детските игралишта, обновување на постојната урбана опрема и поставување нова опрема таму каде што има потреба, создавајќи поквалитетни и побезбедни јавни простори за сите генерации. Грижата за јавниот простор е заедничка одговорност.

Затоа апелираме до сите граѓани совесно да ја чуваат и одржуваат урбаната опрема, која е наше заедничко добро и простор што го користиме сите“, соопшти Општина Карпош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK