Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви 𝟤𝟤 записника во текот на минатата седмица

viber_image_2024-11-12_09-06-06-173.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на минатата седмица, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 22 едукативно-информативни записника за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба, Чаир и Бутел.


ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно на терен ги активираше и интервентните еко-патроли коишто реализираат деноноќни дежурства на т.н. „црни точки“, односно локациите каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад.

Во рамките на интервенциите на Еко-патролата во изминатите седум дена од страна на сторителите беа отстранети вкупно 57 кубни метри непрописно одложен претежно градежен и кабаст отпад, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK